Седми избори за 4 години: Бугарија повторно гласа – над 6,5 милиони граѓани на избирачките места

Над 6,5 милиони гласачи излегуваат на седмите предвремени парламентарни избори во Бугарија. Земјата продолжува со политичка нестабилност и неизвесна иднина.

Во Бугарија утринава во 7 часот беа отворени избирачките места за седмите предвремени парламентарни избори од 2021 година наваму, потврдува БТА. Според прелиминарните податоци, право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани. Изборниот процес ќе трае до 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот на местата каде што ќе има поголем одѕив.

Гласањето се одвива на речиси 12.000 избирачки места низ целата земја, а организирани се и стотици гласачки пунктови во странство, во вкупно 55 држави. Обезбедени се и мобилни гласачки кутии за лица со попреченост.

За 240 места во Народното собрание се натпреваруваат 4.786 кандидати, распределени во 14 политички партии, 10 коалиции и еден независен кандидат.

Овие избори доаѓаат во услови на продолжена политичка нестабилност, што ја држи Бугарија во циклус на чести изборни процеси веќе неколку години. Главното прашање останува дали овојпат ќе се формира стабилна влада или земјата ќе продолжи со политичката неизвесност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни