Сѐ уште нема нов датум за преговори меѓу САД и Иран

Главните отворени прашања и понатаму се поврзани со нуклеарната програма на Иран, особено високо збогатениот ураниум

Министерството за надворешни работи на Пакистан, информира дека се уште не е одреден датумот за нов круг на преговори помеѓу САД и Иран.

Пакистанското МНР учествува како посредник за обновување на дијалогот и доаѓање до трајно решение за мир.

Началникот на пакистанската армија, Асим Мунир, престојува во Иран во рамки на дипломатска мисија насочена кон намалување на разликите меѓу двете страни, во период кога истекува кревкото примирје.

Висок ирански претставник изјави дека посетата придонела за приближување на ставовите во одредени области, но нагласи дека суштинските несогласувања сè уште остануваат нерешени. Според него, се зголемуваат очекувањата за продолжување на примирјето и одржување нова рунда разговори.

Главните отворени прашања и понатаму се поврзани со иранската нуклеарна програма, особено судбината на високо збогатениот ураниум и должината на ограничувањата, кои остануваат најспорните точки во преговорите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни