Се намалуваат цените на горивата во Македонија

Согласно пресметката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, и ќе чинат 82,00 ден/лит, односно 84,00 ден/лит.

На денешната седница, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Согласно пресметката, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, и ќе чинат 82,00 ден/лит, односно 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, и со тоа ќе се продава за 95,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 3,50 ден/лит, и ќе изнесува 96,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 2,084 ден/кг, и ќе изнесува 49,227 ден/кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.

Регулаторот нагласува дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни