Шакира повторно во фокусот: забележана со актерот Мануел Гарсија-Рулфо

Шакира беше забележана со мексиканскиот актер Мануел Гарсија-Рулфо во Лос Анџелес, што предизвика шпекулации за потенцијална романса.

Колумбиската пејачка и Мануел Гарсија-Рулфо биле видени заедно во Лос Анџелес, по што почнаа шпекулации за нивниот однос.

Шакира повторно се најде во фокусот на светските медиуми, откако беше забележана во Лос Анџелес со мексиканскиот актер Мануел Гарсија-Рулфо, познат по серијата „Адвокатот на Линколн“ на „Нетфликс“.

Фотографиите, кои ги објави платформата „Думоа“, ја покажуваат пејачката како заедно со актерот го напушта хотелот „Сансет тауер“ во Калифорнија. Според очевидци, двајцата биле во добро расположение, насмеани и облечени во лежерни црни комбинации.

По излегувањето од хотелот, Шакира и Гарсија-Рулфо наводно заминале заедно со неговиот автомобил, што дополнително ги поттикна шпекулациите дека меѓу нив можеби има нешто повеќе од пријателство.

Средбата се случила за време на кратка пауза од светската турнеја на Шакира, откако пејачката минатата недела одржа два големи концерти во Лос Анџелес.

Засега ниту Шакира, ниту Мануел Гарсија-Рулфо не се огласиле јавно за фотографиите или за шпекулациите. Поради тоа, информациите остануваат на ниво на медиумски претпоставки и реакции на фановите.

Шакира последниве години често е под лупа на јавноста, особено по разделбата со Жерар Пике. Секое нејзино јавно појавување со познато име веднаш предизвикува внимание, а овој пат фановите веќе коментираат дека пејачката можеби започнува ново романтично поглавје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс