САД подготвува обвинение против Раул Кастро: Потег што буди страв од нова интервенција

Администрацијата на Трамп подготвува обвинение против Раул Кастро за инцидент од 1996 година, а аналитичарите предупредуваат на сличности со случајот на Николас Мадуро пред американската интервенција.

Американската администрација на Доналд Трамп планира во среда официјално да подигне обвинение против поранешниот кубански лидер Раул Кастро, потег што дополнително ги заострува односите меѓу Вашингтон и Хавана.

Според информации од американското Министерство за правда, обвинението се однесува на инцидентот од 1996 година, кога кубански борбен авион соборил летала со кубански бегалци. Обвинението ќе биде објавено во Мајами, на настан посветен на жртвите од инцидентот.

Раул Кастро (94), брат на Фидел Кастро, беше претседател на Куба до 2018 година, а до 2021 ја предводеше и Комунистичката партија. Во времето на инцидентот бил министер за одбрана. Кубанските власти тогаш тврдеа дека станувало збор за легитимна реакција на нарушување на воздушниот простор.

Американските медиуми и аналитичари повлекуваат паралели со случајот на поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, против кого САД претходно подигнаа обвиненија за трговија со дрога, пред неговото апсење и префрлање во САД.

Трамп уште во март изјави дека „Куба е следна по Венецуела“, што дополнително ги зголеми шпекулациите за можен нов притисок или интервенција врз комунистичката власт во Хавана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс