Руското Министерство за одбрана објави дека Русија и Украина размениле воени заробеници по принципот „185 за 185“.
„185 руски војници беа вратени од украинско заробеништво, додека Москва му предаде на Киев 185 украински војници во замена“, се вели во соопштението, пренесе РИА Новости .
Ослободените руски војници моментално се наоѓаат во Белорусија, каде што добиваат медицинска и психолошка помош, по што ќе бидат префрлени во Русија.
Во соопштението се наведува дека Обединетите Арапски Емирати посредувале во размената.
Претходно, Русија и Украина разменија по 205 затвореници во мај, додека на крајот на април беше спроведена размена во форматот „193 за 193“.