Русија гранатираше украинска термоелектрана: Постројката ја прекина производството на струја

Компанијата ДТЕК соопшти дека опремата на електраната претрпела значителни оштетувања. Од почетокот на целосната руска инвазија, нејзините термоелектрани биле цел на напади повеќе од 230 пати.

Руските сили извршиле масовен напад врз една од термоелектраните на украинската енергетска компанија ДТЕК, по што постројката го прекинала производството на електрична енергија, соопшти компанијата.

Според соопштението објавено на Телеграм, опремата на електраната претрпела значителни оштетувања. Информацијата ја пренесе украинската новинска агенција Укринформ.

Од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, термоелектраните на ДТЕК биле цел на напади повеќе од 230 пати, наведува компанијата.

Нападите врз енергетската инфраструктура продолжуваат во период кога Украина се соочува со воени притисоци, додека паралелно се водат дипломатски иницијативи за прекин на војната. Украинската страна претходно соопшти и дека руските сили нападнале енергетски постројки во Житомирската област со беспилотни летала на млазен погон.


Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е уверен оти Русија и Украина можат да постигнат договор и дека Москва е подготвена да продолжи со трилатералните преговори. Сепак, неговите изјави за територијалните прашања укажуваат на тоа дека позициите на двете страни остануваат длабоко спротивставени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс