Најмалку 18 рудари заробени во рудникот Трепча во Косово

Засега нема информација како и кога би се организирала акција за спасување на рударите, а надлежните уверуваат дека нивната здравствена состојба е добра

Најмалку 18 рудари од рано утрово се заглавени во окно во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово, јавуваат тамошните медиуми.

Претседателот на синдикатот на рударите Ибрахим Јонизи изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но еден дел од нив успеал да излезе над земја. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра.

– Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат снабдени со храна и вода, бидејќи нивните резерви се исцрпуваат, наведе Јонузи.

Тој не прецизира зошто рударите се заглавени под земја, додека според косовските медиуми тие се блокирани поради дефект на главна трафостаница.

Засега нема план како и кога би се организирала акција за спасување на рударите, а надлежните уверуваат дека нивната здравствена состојба е добра

е-Трн да боцка во твојот инбокс