Кинескиот хуманоиден робот постигнува брзина од 45,5 километри на час и соборува рекорд во скок од место.
Кинеската компанија „Јунтри“ претстави хуманоиден робот наречен „Супермен“, кој со своите атлетски способности ги надминува досегашните човечки рекорди во трчање и скокање.
Роботот на тестирање достигнал брзина од 12,66 метри во секунда, односно 45,5 километри на час. Тоа е повеќе од максималната измерена брзина на Усеин Болт од 44,7 километри на час, постигната во 2009 година, кога го постави светскиот рекорд на 100 метри со време од 9,58 секунди.
„Супермен“ покажал импресивни способности и при скокање. Од место успеал да достигне височина од два метра, што е за 30 сантиметри повеќе од човечкиот рекорд од 1,7 метри.
Од компанијата велат дека овие тестови не се само демонстрација на моќта на роботот. Трчањето, скокањето и контролата на рамнотежата се дел од стрес-тестови со кои се утврдуваат границите на системот и неговата стабилност.
Иако „Јунтри“ сè уште не ги објавила сите технички детали за роботот, ваквите способности би можеле во иднина да овозможат употреба на хуманоидни роботи во опасни средини, при природни катастрофи и на тешко пристапен терен.