Поради црвениот аларм и екстремниот топлотен бран што го зафати регионот, Град Риека во соработка со локалните хуманитарни организации отвори два центра за привремен престој на бездомниците. На локациите во просториите на здруженијата „Оаза“ и „Руже Свети Фрање“, луѓето без дом добиваат климатизиран простор, ладни пијалаци, оброци и можност за одржување лична хигиена со цел заштита од опасните температури.
Организираната поддршка овозможува бегство од жештините во текот на целиот ден. Прифатилиштата функционираат така што ги покриваат сите потреби на корисниците во периодот кога температурите се највисоки.
Во просториите на здружението „Оаза“ е обезбеден дневен престој од 10:00 до 18:00 часот, каде што бездомниците можат да престојуваат во климатизиран простор, да добијат освежување и оброци. По 18:00 часот, грижата ја презема преноќиштето на здружението „Руже Свети Фрање“, со што се обезбедува непрекината заштита.
Градските власти и хуманитарните служби истакнуваат дека оваа вонредна мерка ќе трае сè додека е на сила црвеното предупредување за топлотен бран.
Покрај престојот и оброците, на корисниците им е овозможено користење на бањи за одржување на личната хигиена, како и соодветна медицинска превенција, имајќи предвид дека луѓето кои живеат на улица се меѓу најранливите категории при вакви временски екстреми.