Почнува ретроградниот Меркур во Скорпија и враќа нерешени деловни прашања

Четири знаци влегуваат во период на стари разговори за работа, задоцнети исплати и преиспитување на претходни договори.

Астролошкиот циклус на ретроградниот Меркур започнува на 24 октомври и целосно ќе се одвива во соѕвездието Скорпија сè до 13 ноември. Овој период носи забавување на новите деловни процеси, но истовремено отвора простор за продолжување на прекинати преговори, наплата на стари долгови и расчистување на административни заостанати обврски. Влијанието најдиректно ќе се почувствува кај Близнаците, Девиците, Овните и Скорпиите, каде што фокусот паѓа врз финансиите и работните релации.

Ретроградното движење започнува на 21. степен во Скорпија и ќе трае до петтиот степен на истиот знак, кога на 13 ноември Меркур се враќа во директен од. Невообичаено за овој астролошки циклус е тоа што планетата воопшто не го напушта овој фиксен воден знак. Средината на транзитот се случува на 4 ноември со конјункцијата со Сонцето на 12. степен. Комплетното излегување од сенката завршува на 30 ноември, што го прави целиот месец неповолен за избрзани парафи.

Истовремено, во овој период паралелно се преклопува и ретроградното движење на Венера, па вниманието природно се насочува кон заеднички ресурси, финансиски трансакции и деловни односи. Општата препорака за овој период е да се избегнува потпишување сосема нови договори или стапување во ризични инвестиции. Наместо тоа, деловната практика налага средување на документацијата и ревидирање на постојните услови.

Бидејќи Меркур директно управува со Близнаците и Девиците, овие два знака се соочуваат со конкретни враќања кон минатото. Близнаците добиваат шанса за продолжување на разговори за работа што претходно застанале без конкретна понуда, или повик од поранешен соработник за нов проект. За да се избегнат недоразбирања, потребно е сите услови околу висината на надоместокот и обврските да бидат добиени писмено пред да се донесе конечна одлука.

Девиците треба да бидат внимателни во секојдневната електронска пошта и пораките. Се отвораат стари теми и можности за расчистување на недоразбирања, но брзањето носи ризик од технички грешки и испраќање доверливи податоци на погрешни адреси. Двојната проверка на примачите пред испраќање претставува практична заштита од деловни пропусти.

Кај Овните фокусот е насочен кон финансиите што зависат од други страни, како што се враќање на позајмици, заостанати хонорари, осигурителни побарувања или решавање даночни обврски. Потребно е уредно чување на сите банкарски потврди и уплатници, без прерано затворање на предметите сè додека средствата не се евидентираат на сметката.


За Скорпиите периодот носи враќање на поранешни соработници и лично соочување со прашања што останале недовршени. Препораката е комуникацијата да се води директно и смирено, без долги и двосмислени пораки кои лесно создаваат конфликти. Исто така, неопходно е навремено прегледување на личните документи и патни исправи за да се избегнат административни блокади поради истечени рокови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс