РЕК Битола испушти повеќе прашина отколку целиот регион заедно— Bankwatch бара затворање

Новиот извештај „Усогласи се или затвори” на Bankwatch за 2025 година е директен: термоелектраните на Западен Балкан испуштиле SO2 6,6 пати повеќе од дозволеното. Македонија го направи нешто полошо — РЕК Битола самостојно испушти повеќе прашина отколку целокупниот регионален лимит за сите четири земји заедно. Казни нема, планови нема. Рокот е 2027.

Осум години откако стандардите за контрола на загадувањето стапија на сила согласно Договорот за енергетска заедница, емисиите на загадување во Србија, БиХ, Косово и Северна Македонија биле 6,6 пати поголеми од дозволеното во 2025 година, највисок относителен прекршок од воведувањето на контролите во 2018 година. Тоа е заклучокот на новиот извештај „Comply or Close” на Bankwatch, најголемата мрежа на еколошки организации во Централна и Источна Европа, објавен на 23 јуни година и пренесен од . Македонија во извештајот е именувана посебно и не на добар начин.

Битола со нов рекорд

Загадувањето со прашина во 2025 година значително се влоши, достигнувајки 2,9 пати повисоко ниво од дозволеното, највисока апсолутна и релативна вредност откако правилата стапија на сила. Ова е во голема мера поттикнато од огромното зголемување во РЕК Битола, кој ги удвои своите емисии во споредба со 2024 година и самостојно испушти повеќе од 7.094 тони прашина повеќе отколку е дозволено за целиот регион заедно.

За да биде јасен сразмерот, регионалниот лимит за прашина важи за сите четири земји заедно. Битола сам за себе, го надмина тој лимит. Пет јаглени единици во регионот ги надминале индивидуалните тавани за SO2 за повеќе од десетпати. Меѓу нив се Битола Б1, Б2 и Б3 во Македонија.

2018-2025: осум години прекршувања, нула казни

Секретаријатот на Енергетската заедница отворил неколку случаи за прекршување против земjите на Западен Балкан, потврдувajки нелегалното работење на нивните термоелектрани на jаглен, но ниjедна влада не изрекла казни на термоелектраните, ниту имаат јасни, ажурирани и реални планови за усогласување и/или затворање. Ова не е нова состојба. Bankwatch го следи регионот осум години по ред. Меѓу 2018 и 2020 година, термоелектраните во регионот предизвикале приближно 19.000 смртни случаи, од кои 12.000 можеле да се спречат со почитување на правилата за контрола на загадувањето.

SO2: БиХ прва, Србија втора, Македонија сериозен проблем

Термоелектраните на јаглен во Босна и Херцеговина биле највисоки емитери на SO2 со 196.940 тони — 12,7 пати над лимитот. Следи Србија со 177.756 тони, 5,1 пати над дозволеното.

Најголем апсолутен загадувач на SO2 во 2025 останува електраната Угљевик во БиХ, и покрај тоа што поседува опрема за одсумпорување. Емисиите во 2025 — 115.079 тони — биле највисоки откако правилата за контрола на загадувањето стапија на сила во 2018 година. Операторот признал дека системот за одсумпорување не функционира правилно бидеjки претставува „економски товар” и покрај инвестициjа од 85 милиони евра.

Македонија е под апсолутните нивоа на Србија и БиХ за SO2, но за прашина, слика е поразителна. Емисиите на прашина од Македонија повеќе од се удвоиле во споредба со 2024 година, а Битола емитувал вкупно 7.675 тони прашина надминувајки го вкупниот таван за прашина за целиот регион.

Просечна возраст 49 години: регион кој работи на замор

Просечната возраст на јагленовите единици на Западен Балкан е денес 49 години, а дефектите стануваат сè почести. Ограничувањата на снабдувањето со јаглен исто така се влошиле. Србија и Македонија сè повеќе се потпираат на увоз за надоместок на домашните недостатоци.

Ова е централниот парадокс на регионалната енергетска политика: термоелектраните се застарени, неефикасни, скапи за работа и правно нелегални а сепак продолжуваат да работат.

CBAM: Европата веќе почна да наплатува

Конечниот режим на Механизмот на ЕУ за прилагодување на граничните емисии јаглерод (CBAM) започна во јануари 2026 година, зголемувајки ги трошоците за извоз на струја и дополнително загрозувајки ja профитабилноста на термоелектраните на јаглен во регионот. Според Секретаријатот на Енергетската заедница, електричните извози преку границите со земjите-членки на ЕУ опаднале за 25% во првиот квартал на 2026 година.

Со CBAM во сила, струjата произведена од јаглен на Балканот едноставно стана поскапа за ЕУ купувачите. Хрватска, Грциjа и Италиjа, традиционални купувачи на македонска и регионална струjа сега наплатуваат дополнителен данок врз основа на јаглеродниот интензитет. Резултатот е предвидлив.

Bankwatch: „Владите се однесуваат како да имаат цело светско време”

Давор Пехчевски, координатор за Балканот во Bankwatch: „За шест месеци, CBAM на ЕУ конечно ке ги ограничи извозите на јаглеродно-интензивна струjа од земjите на Западен Балкан наметнувajки такси за увоз во ЕУ. Ова ке ги направи нивните застарени, неефикасни термоелектрани уште поскапи. Но балканските влади и утилити изгледаат немарно, како да имаат цело светско време. Неопходни се јасни, функционални планови.”

Пипа Галоп, советничка за енергетска политика на ЈИЕ во Bankwatch: „Проширувањето на ЕУ е повторно на агендата, но тешката реалност е дека владите на Западен Балкан не покажуваат интерес за здравјето на луѓето или животната средина.”

Македонија: затворање одложено, план непостоечки

За Македонија, Bankwatch директно наведува: „Затворањата се одложуваат без преземање дејствија за решавање на загадувањето во меѓувреме.” ЕСМ изjавил дека одложувањето на рокот за затворање до 2030 е неопходно додека не се изградат нови капацитети. Во јануари 2024 година, Владата ја поттикна изградбата на гасна единица во Битола и Неготино. Изградбата на гасниот интерконектор Македониjа-Грциjа почна во jули 2025 година.

Рокот за усогласување на поединечните постројки со стандардите на ЕУ е 2027 година. До тогаш, уште две години загадување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс