Македонија се враќа на Евровизија во 2027 година по пет години пауза

МРТ соопшти дека претставникот ќе го избира со нов концепт, откако ЕБУ вети поддршка за промоција на македонските културни вредности.

По пауза од пет години, Македонија во 2027 година повторно ќе учествува на Изборот за песна на Евровизија. Веста ја потврди директорот на Македонската радио телевизија (МРТ), Зоран Ристоски, кој најави нов пристап и различен формат за избор на македонската песна. Ова ќе биде прв настап за земјата на евровизиската сцена по 2022 година.

Националниот сервис разгледуваше неколку опции за враќање на фестивалот. За разликува од претходните години, МРТ најавува поинаква процедура за избор на изведувачот и песната, но точните детали за националниот конкурс допрва ќе бидат објавени.

Новото раководство на МРТ оствари разговори со претставници на Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ), од каде што е обезбедена поддршка за враќањето на Македонија. Според најавите, ЕБУ ќе помогне и во меѓународната промоција на македонската културна сцена. Оваа одлука доаѓа пред натпреварот во 2027 година, кој треба да се одржи во Бугарија по нивната победа на Евровизија 2026.

Последен македонски претставник на Евровизија беше Андреа Коевска, која во 2022 година во Торино настапи со песната „Circles“, но не успеа да избори место во финалната вечер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс