Регионот под хибриден напад – дојави за бомби низ Хрватска, БиХ, Црна Гора

Поради закани од поставени бомби вчера и денес трговски центри беа евакуирани во Загреб, Сараево, Подгорица и Будва
Фото: Suradnik13, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во два дена во три држави се случија лажни дојави за поставени бомби.

Овој пат цел беа познати трговски центри во Хрватска, БиХ и Црна Гора.

Вчера и денес трговски центри беа евакуирани во Загреб, Сараево, Подгорица и Будва.

Сите дојави беа лажни, но кооординираноста упатува дека можеби овие држави се цел на хибридна војан од центри од трети земји.

Во 2025 масовни дојави за бомби во Македонија и Србија

Оваа ситуација многу потсетува на онаа од 2025 година кога цел на вакви напади беа Македонија и Србија.

Во февруари и март минатата година речиси секој ден имаше дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во десетици градови низ Македонија и Србија.

Тогаш властите во Скопје и Белград тврдеа дека станува збор за организиран хибриден напад и иако уверуваа дека системот е откриен, сепак на крајот виновниците на беа лоцирани и санкционирани.

Според експертите ваквите дојави имаат за цел да предизвикаат вознемирност во јавноста но и да ги тестираат капацитетите на полициските управи и единици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни