„Built to Last“ повторно во тренд: Новата серија REDMI Note 17 Pro не е направена за една сезона

Батерија од 9.210 mAh, отпорност на вода и промотивна понуда со подарок уред за домашна употреба при купување до крајот на октомври.

Секоја сезона носи нов телефон, нова боја, нов тренд и уште една причина зошто наводно веднаш треба да го замениме уредот што веќе го имаме. Но паралелно со таа брзина, се случува уште еден тренд: сè повеќе сакаме работите што ги купуваме навистина да траат.

Не само стилски, туку и физички.

Токму тука новите REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G имаат интересна приказна. Наместо целата комуникација да ја градат околу една ефектна функција, фокусот е на нешто многу попрактично – телефон што ќе остане релевантен и функционален подолго време.

Батеријата како нов вид слобода

Најочигледниот пример е батеријата. REDMI Note 17 Pro Max 5G има 9.210 mAh батерија и автономија до три дена. Ако денот ви почнува со Spotify во слушалки, продолжува со Maps, работа, Instagram, неколку фотографии и завршува со Netflix или TikTok, лесно е да се разбере зошто ова е поважно од уште една функција што ќе ја отворите двапати.

Со 100W HyperCharge, големата батерија не значи и долго чекање на полнач, туку батрија наполнета на 100% за релативно кратко време. А има и мало изненадување: Со 27W reverse charging, телефонот може да му даде енергија на друг компатибилен уред. Практично до максимум – power bank кој секогаш го носите со себе.

Дизајн што реагира на светлина

Ако технологијата треба да биде дел од личниот стил, тогаш барем нека има малку карактер. Кај моделот Pro Max, Cloud Blush варијантата користи фотохроматска технологија при што светлата површина реагира на сонцето и преминува во потопол розово-портокалов тон. Тоа е мал, естетски детаљ, но е далеку поинтересен од уште една стандардна црна или сива верзија.

Телефонот истовремено задржува чисти линии, рамен дисплеј и современ изглед, без да се обидува премногу силно да привлече внимание.

Made for real life

Убав телефон е супер. Убав телефон што не создава паника секогаш кога ќе ве фати дожд е уште подобар. REDMI Note 17 Pro моделите се создадени околу концептот REDMI Titan Quality, со Gorilla Glass Victus 2 и засилена отпорност на падови, прашина и вода во соодветни тест-услови.

Потоа тука е Wet Touch Technology 2.0, која му овозможува на дисплејот подобро да реагира и кога прстите се влажни. Функција што звучи речиси незабележливо, сè до првиот дожд, фестивал или ден покрај базен.

Голем дисплеј, затоа што гледајќи во него поминуваме многу многу време, таму денес живее содржината која не интересира. И двата модели носат 6,83-инчен 1.5K AMOLED дисплеј со освежување до 120Hz. Тоа има совршена смисла во време кога телефонот истовремено е кино, книга, камера, работен екран и прозорец кон социјалните мрежи.

Pro Max оди со Snapdragon® 6 Gen 5, додека Pro користи Snapdragon® 6s Gen 4. Идејата не е телефоните да се претставуваат како hardcore gaming машини, туку да дадат доволно моќ за реалните работи што се случуваат секој ден.

И можеби токму тоа е најсовремениот дел од приказната. Не уште една технологија што бара да ѝ се восхитуваме, туку технологија што едноставно долго време си ја врши работата.

И подарок ако одлуката за нов уред падне до крај на октомври

Во Македонија веќе се продаваат REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G, а актуелната промотивна понуда донесува и Xiaomi уред на подарок по извршена регистрација на купувањето. Изберете го својот подарок од следниве три уреди на Xiaomi: греалка Mi Smart Space Heater S EU, прочистувач на воздух Xiaomi Smart Air Purifier 4 Compact EU или правосмукалка-стик Xiaomi Vacuum Cleaner G20 Lite EU. Промоцијата трае до 31 октомври или до истрошување на залихите. 


Телефон што ќе го користите со години и уред за дома на подарок? Не е лош начин да се влезе во нова технолошка сезона.

е-Трн да боцка во твојот инбокс