Што се случува кога на Тијана ќе ѝ дадеш задача да брани ставови спротивни на сопствените? Добиваш РеТрн Апсурд – експеримент во кој Дениз прашува, а гостинката го убедува во она во што ни самата не верува.
Епизодата почнува музички, со познатата мимика, но со сменети улоги и музика: по виралното „Bad Times“ со Тамара и Дениз, сега Тијана и Дениз го повторуваат сетапот со „До крајот на светот“ од новиот албум на Тамара.
А потоа – клупата, каде што сè оди наопаку. Во апсурдната верзија на Тијана, „Менопауза“ е само за парички, Тамара е македонска верзија на Мили Ванили која само отвора уста, а ние како медиум сме биле само „трн мрн, дрн-дрн јариња“.
Сè што кажа – излажа. 🙂
