Внимание: Повеќето граѓани поддржуваат сексуално образование како изборен предмет

Повеќето граѓани што одговорија во новата анкета на „Внимание“ поддржуваат сексуално образование како изборен предмет. А разговорот го отвори и прашањето: каде завршува довербата, а почнува нарушувањето на приватноста?

Во анкетата на „Внимание“ ги прашувавме граѓаните дали поддржуваат сексуално образование како изберен предмет во училштата? „Дефинитивно треба да се учи во школите и да не се смета за табу-тема“, „Во средно образование и на ТикТок . Треба да се зборува за тоа“ беа дел од одговорите.

Повеќето анкетирани се согласуваат дека младите треба да учат повеќе за сексуалното здравје, заштитата и темите за кои сè уште се зборува со срам и предрасуди.

Граѓаните ги прашавме и за темите кои произлегуваат од сексуалното образование, каде завршува довербата, а кога почнува нарушувањето на приватноста, дали партнерот има право да го проверува телефонот? „Тоа е нарушување на приватноста“, „Нема потреба. На нашите телевони се практично целите наши животи“.

Граѓаните се за знаење наместо предрасуди и за разговор наместо молк, поради што работите кои се важни треба да се учат во училиште, наместо да се шират дезинформации.


Ги прашавме и доколку се министри за образование, дали би поддржале сексуално образование како изборен предмет во училиштата? „Дефинитивно, дури од основно“, „Да, да, не како изборен, задолжителен“, „Да, апсолутно ќе поддржам“, „Можеби не со оценки, но децата мора да се образуваат на таа тема“, велат граѓаните.

е-Трн да боцка во твојот инбокс