Redmi најави нови безжични слушалки – пристигнува Redmi Buds 8

Redmi најави нов модел безжични слушалки Buds 8 со активно поништување на бучава до 50 dB и квалитетен звук.

Компанијата Xiaomi преку својот бренд Redmi најави уште еден модел безжични слушалки, со што ја проширува својата популарна серија. По веќе претставените Redmi Buds 8 Pro и Redmi Buds 8 Lite, наскоро ќе биде претставен и стандардниот модел наречен Redmi Buds 8.

Официјалната промоција е закажана за 21 април, кога заедно со слушалките ќе бидат претставени и нови уреди од брендот, вклучувајќи паметен телефон и таблет. Со ова, компанијата продолжува да го зајакнува своето присуство во сегментот на достапна, но квалитетна технологија.

Според досега објавените информации, Redmi Buds 8 ќе понудат напредна технологија за активно поништување на бучава, со можност за намалување на звукот до 50 децибели во широк фреквентен опсег. За квалитетот на звукот ќе се грижат динамички драјвери од 11 милиметри, кои ветуваат чистo и балансиранo аудио доживување.

Иако останатите детали сè уште не се откриени, се очекува новиот модел да биде позициониран помеѓу Pro и Lite верзиите, нудејќи оптимален баланс помеѓу цена и перформанси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни