Земјотресот во Венецуела остави речиси 3.000 жртви, спасувачите ја прекинуваат потрагата

По катастрофалниот двоен земјотрес во северна Венецуела, загинаа речиси 3.000 луѓе, а спасувачките тимови почнуваат да ја прекинуваат потрагата по преживеани.
epa13070215 People line up to receive donations in La Guaira, Venezuela, 27 June 2026. EPA/Henry Chirinos

Речиси 3.000 луѓе го загубија животот во разорниот двоен земјотрес што пред десет дена го погоди северниот дел на Венецуела, според најновите официјални податоци. Катастрофата најтешко го погоди градот Ла Гваира, каде што голем број згради се урнаа и се претворија во урнатини. Многу жители сè уште се без дом, а дел од нив престојуваат во привремени и небезбедни услови на отворено.

Спасувачките екипи од повеќе земји постепено ја завршуваат мисијата, бидејќи се намалуваат шансите за пронаоѓање преживеани под урнатините. Дел од странските тимови веќе почнаа да се повлекуваат.

Сè уште се бараат жртви и преживеани

Иако шансите се минимални, локалните волонтери и понатаму продолжуваат со потрагата. Според нив, се пронаоѓаат тела, но сè уште постои надеж дека може да се најдат и преживеани. Во меѓувреме, бројот на жртви според официјалните податоци изнесува 2.954 загинати и повеќе од 16.000 повредени, додека илјадници луѓе останаа без дом.

Според геолошките податоци, земјотресот со јачина од 7,5 степени е еден од најсилните во историјата на Венецуела. Ударите се случиле во разлика од само 39 секунди, што дополнително ја зголемило разорната моќ. Оваа трагедија ја стави земјата во длабока хуманитарна криза, а меѓународната помош и понатаму се координира за справување со последиците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс