Пред неколку години, FaceApp стана хит на интернетот благодарение на некои можности кои ги нуди вештачката интелигенција, покажувајќи како ќе изгледате кога ќе остарите или кога ќе ја смените бојата на косата.
FaceApp може да „манипулира“ со лицата и да овозможи екстремни промени на фотографиите, од промена на тон на кожа и боја на коса до додавање или одземање на 20 или повеќе години на вашето лице. Сепак, веќе подолго време е јавна тајна дека апликацијата краде кориснички податоци користејќи дупка во договорите.
Кршењето на приватноста на корисниците (иако е добиена согласност, но со лажни претпоставки) ги натерало регулаторите во Бразил да започнат постапка против апликацијата. Судијата Даглас де Мело Мартинс изјавил дека бразилскиот закон забранува масовно и недозволено собирање на лични податоци без согласност.
Регулаторите сметаат дека Apple и Google кои се одговорни за работата на оваа апликација можат да бидат казнети со милионски казни.