САД објави прва снимка од американската акција врз иранскиот брод Touska

По шест часа предупредувања, американските сили го онеспособија бродот, по што маринци од хеликоптер се спуштија и ја презедоа контролата – видеото ја прикажува целата акција.

На 19 април, американските сили спроведоа операција во Арапското Море, за време на која го заробија иранскиот брод M/V Touska.

Разурнувачот со водени ракети USS Spruance (DDG-111) го оневозможи погонот на бродот откако екипажот ги игнорираше повторените предупредувања шест часа.

Маринците од амфибискиот брод USS Tripoli (LHA-7) потоа со хеликоптер долетаа до Touska и се спуштија до палубата, преземајќи целосна контрола врз бродот.

„На 19 април, маринците со спуштање на брод под иранско знаме, го оневозможи погонот на Touska откако комерцијалниот брод не ги почитуваше повторените предупредувања од американските сили во период од шест часа“, се вели во објавата на CENTCOM на социјалната мрежа X, која беше придружена со видеото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни