Протест пред Собранието го менува сообраќајот во центарот на Скопје

Од 12 часот ќе има посебен режим на улицата „11-ти Октомври“, а возачите се упатуваат да го избегнуваат поширокиот центар.
Foto: Facebook

Поради граѓански протест закажан за денес, 28 април 2026 година, во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим, почнувајќи од 12:00 часот.

Собирот е организиран пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија, на улицата „11-ти Октомври”, а граѓаните протестираат против начинот на кој Управата за јавни приходи ги оданочува приходите остварени во странство.

МВР соопшти дека СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе ги преземе сите потребни мерки на терен. Сообраќајот ќе биде пренасочуван по алтернативни улици, а возачите се должни да ги следат упатствата на полициските службеници. На сите учесници во сообраќајот им се препорачува да го избегнуваат поширокиот центар на градот за времетраењето на протестот, со цел да се спречат застои.

МВР апелира до граѓаните за трпение и доследно почитување на сообраќајните правила и времениот режим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни