Премиерот на Гренланд е спремен за разговор со Трамп

Данска и Гренланд се подготвени да го интензивираат дијалогот со САД. Соработувавме со САД во минатото и продолжуваме да соработуваме“

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде, изјави во петокот дека е подготвен да разговара со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој најави дека сака контрола над овој арктички остров и побара да се почитуваат стремежите за независност на оваа територија.

Трамп, кој ќе биде инагуриран за претседател на 20 јануари, ја опишал контролата над Гренланд, полуаутономната данска територија, како „апсолутна потреба“.Тој не го исклучил применувањето на воен или економски притисок, вклучувајќи и воведување на царини кон Данска.

Егеде изјавил за новинарите во Копенхаген дека досега не стапил во контакт со Трамп.

„Но, ние сме подготвени за разговор“, изјави Егеде.

„Данска и Гренланд се подготвени да го интензивираат дијалогот со САД. Соработувавме со САД во минатото и продолжуваме да соработуваме“, порачал Егеде.

Данската премиерка Мете Фредериксен во четвртокот изјавила дека побарала состанок со Трамп, но дека не очекува тоа да се случи пред инагурацијата.

Гренланд, на кој живеат 57.000 луѓе, бил данска колонија до 1953 година, а сега е данска територија со автономија. Гренланд во 2009 година се изборил за правото да гласа за својата независност. На северот на оваа стратешки важна територија се наоѓа американска воена база.

Егеде нагласил дека народот копнее по независност и дека сакаат „да бидат господари во својата куќа“.

„Тоа треба да го почитуваат сите“, рекол премиерот, додавајќи дека тоа не значи „пораснување на сите врски, соработка и односи со Данска“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни