Новогодишните празници во САД го вратија во мода виралниот предизвик Harlem Shake во кој учесниците прво стојат, додека еден игра на истоимената песна од Baauer, за потоа сите да играат, при што предизвикот беше играњето да биде понеочекувано и полудо од претходното.
Сега предизвикот се враќа помеѓу семејствата кои се собрани за време на празниците, каде што веројатно постарите се обиделе да им покажат на помладите како се забавувале тие на интернет пред повеќе од една деценија.