Македонскиот кандидат за Оскар „17“ освои две награди во Љубљана

Дебитантскиот филм на Косара Митиќ ја доби наградата за најдобар филм во селекцијата „Перспективи“ и признанието на меѓународното жири на филмски критичари.
Косара Митиќ за време на јавен настап
Фото: СФФ

Филмот „17“ на Косара Митиќ освои две награди на 37. Меѓународен филмски фестивал во Љубљана (LIFFe). Меѓународното жири му ја додели наградата „Кингфишер“ за најдобар филм во натпреварувачката селекција „Перспективи“, а жирито на филмски критичари го награди со ФИПРЕСЦИ.

Во образложението, жирито ја истакна актерската игра и начинот на кој Митиќ ја раскажува приказната низ очите на тинејџерка. Со крупните планови, наведува жирито, филмот го внесува гледачот во светот на девојката и ја пренесува осаменоста на младите кои растат препуштени сами на себе.


„17“ е првиот долгометражен филм на Митиќ и македонски кандидат за Оскар. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, која им честиташе на режисерката и на екипата за двете признанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс