Се запали семејна куќа во Велес, пожарникарите спасија да изгори цела

Тројца велешки противпожарникари со едно возило интервенирале во дневна соба зафатена од пламен на улицата „Глигор Прличев“.

Територијалната противпожарна единица Велес синоќа спречи целосно опожарување на семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8. Пожарот избувнал во дневната соба, а велешките пожарникари стигнале на местото веднаш по пријавата и го локализирале пламенот пред да ги зафати останатите простории од домот.

Дојавата за огнот во велешката противпожарна служба стигнала во 19:08 часот. На терен веднаш излегле тројца пожарникари со едно специјално возило.

По пристигнувањето на улицата „Глигор Прличев“, пожарот веќе бил во развиена фаза во просторијата од дневниот престој. Екипата успеала да го стави под контрола и целосно да го изгасне пламенот, спасувајќи го остатокот од семејната куќа. Нема информации за повредени лица.

Од Противпожарната единица во Велес апелираат до граѓаните на максимална претпазливост, особено во услови на летни горештини кога и најмала искра може да предизвика брзо ширење на пожар.

Граѓаните што ќе забележат пламен или чад можат веднаш да се јават на бесплатните броеви за итни повици 193 или 112.

е-Трн да боцка во твојот инбокс