Според податоците од албанските служби, повеќе од 17 пожарникари се на терен, придружувани од полицијата и тимовите за цивилна заштита, но операцијата за гасење на пожарот останува тешка.
Високите температури и силните ветрови само го засилуваат огнот, а властите се обидуваат да воспостават периметар за да ги заштитат околните живеалишта.
Засега не се пријавени повредени, ниту штета по имот, но ситуацијата се менува и следи постојано.
Според албанската национална агенција за цивилна заштита, над 170 пожари се регистрирани во земјата изминативе 20 денови. Тие ги замолуваат граѓаните да бидат внимателни во овој период кога поради високите температури пожарите полесно се шират.
Албанското законодавство предвидува строги казни за намерно палење пожар. Казната е затвор од пет до осум години, доколку делото е сторено во летната сезона, во услови што го олеснуваат ширењето на огнот, или во близина на населено место. Казната се зголемува на четири до десет години затвор, ако пожарот зафати заштитени подрачја, културно наследство, или критична инфраструктура. Кога намерата е промена на категоријата на земјиштето, казната достигнува до петнаесет години затвор.