Полицијата вчера казнила 166 пешаци

При контролата, санкционирани биле 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин

МВР во текот на вчерашниот ден спровела сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани биле 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци, додаваат од МВР.

„Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“ наведуваат од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс