Потрагата започнала откако А.Р. од тетовското село Боговиње пријавил дека од 21:30 часот не можел да стапи во контакт со нив. Групата заминала на планина над село Пршовце за да стигне до „Доброшки езера“, а последен пат се јавиле од локацијата „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.
Планинарите се пренесени на преглед во Клиничката болница во Тетово.