Началникот на Полициската управа на градот Белград, Веселин Милиќ, беше уапсен под сомнение за сторени кривични дела непријавување на кривичното дело и сторителот и помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, во врска со исчезнувањето на маж кој последен пат бил виден во ресторан во Сењак.
Српските медиуми излегоа со нови детали за вклученоста на Милиќ во убиство на член од подземјето.
Според извори од Министерството за внатрешни работи, Веселин Милиќ на 12 мај договорил средба во ресторан во Сењак за двајца криминалци, од кои едниот е член на групата на Кека, Александар Нешовиќ, познат како Баја, кој бил во тепачка со Саша Вуковиќ, познат како Боске, со цел да ги смири нарушените односи, пишува весникот „Данас“
Милиќ наводно го чекал Нешовиќ во ресторанот со Боске, а кога Нешовиќ пристигнал, набрзо дошло до вербална расправија меѓу нив двајца. Потоа Боске испукал неколку куршуми во Нешовиќ пред Милиќ.
Според „Данас“, членовите на обезбедувањето на Милиќ, кои се полицајци, му помогнале на Боске да го однесе убиениот Нешовиќ.
Исчезнувањето на Нешовиќ го пријавила неговата сопруга, која изјавила дека тој отишол во гореспоменатиот ресторан.
Како што дознава „Данас“ од неколку извори во полицијата, телото на Нешовиќ е пронајдено покрај автопатот во близина на Шимановци.
Нешовиќ бил застрелан од Саша Вуковиќ, познат како Боске, во ресторан во Сењак, каде што Боске седел во друштво на Милиќ, кој го поканил да ги смири Нешовиќ и Вуковиќ бидејќи претходно влегле во конфликт.
Веднаш по пристигнувањето на Нешовиќ, избувнала расправија, по што Вуковиќ извадил пиштол и испукал неколку куршуми во Нешовиќ, убивајќи го на лице место.
Според информации на „Данас“ од полицијата, потоа двајца од тројцата полицајци од обезбедувањето на Веселин Милиќ, заедно со Вуковиќ, го извадиле телото од ресторанот и се ослободиле од него покрај автопатот кај Шимановци, каде што го запалиле, додека Милиќ и друг полицаец останале во ресторанот за да отстранат траги и видеа од безбедносните камери.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска наутро демантираше дека телото на убиениот е пронајдено.