Полициски службеници од СВР Штип привеле 25-годишен жител на селото Долни Балван, кој бил затекнат како пали сува трева покрај магистралниот пат Штип–Кочани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил вчера околу 12 часот, во атарот на селото Долни Балван.
Лицето, идентификувано како Б.С. од Штип, било затекнато како пали сува трева меѓу патот и нива во сопственост на 36-годишен жител на Штип.
При пожарот била опожарена сува трева, како и една бала детелина, сопственост на сопственикот на нивата.
Од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.