Полицајци во службено возило имале интимен однос со мажена жена, сопругот објавил снимки

Скандал ја потресе хрватската полиција откако во јавноста се појавија видеоснимки на кои, според медиумските извештаи, се гледаат полициски службеници во компромитирачка ситуација со жена во службен автомобил. Министерството за внатрешни работи покрена внатрешна истрага.
Ilustracija: Zeljko Lukunic/PIXSELL

Во Хрватска е отворена истрага по објавувањето на видеоснимки на кои, според хрватските медиуми, се гледаат полициски службеници како во службено полициско возило имаат интимен однос со мажена жена. Снимките, наводно, ги објавил нејзиниот сопруг, по што случајот предизвика силни реакции во јавноста. 

Според информациите, случајот се однесува на полициски службеници од подрачјето на Пожега, а хрватското Министерство за внатрешни работи веднаш започнало внатрешна контрола за да ги утврди сите околности. 

Надлежните засега не соопштуваат повеќе детали поради тековната постапка, ниту потврдуваат колку полициски службеници се опфатени со истрагата. Доколку се утврдат прекршувања на службената должност, против инволвираните ќе бидат преземени дисциплински мерки, а можно е и покренување други постапки во зависност од резултатите од истрагата. 

Случајот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи и во хрватската јавност, каде се отвори дебата за професионалното однесување на полициските службеници и користењето на службените возила. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс