Македонија и денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во попладневните часови, особено во планинските региони и во западните делови од земјата, ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени.Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб до умерен северен ветер.
Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне околу 37 степени.
Според УХМР, и во следните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Во попладневните часови локално ќе има развој на нестабилна облачност, со можност за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во планинските подрачја.