Ехокет (Echoquette), прекрасна чистокрвна арапска кобила со чоколадна боја, навистина имала прекрасен живот. Родена е во Аризона, израсната е во снежната Швајцарија, но подоцна нејзин дом бил Тексас, САД, во семејството Хаус.
Родена е на 8 мај 1988 година. Ненадејно починала од акутна хепатална инсуфициенција кога имала 36 години и 222 дена. Нејзината возраст е еквивалентна на човек кој живее приближно 110 години.
,,Првпат ја видовме Echoquette во април 1993 година, како љубопитно стои на нејзиниот штанд во Швајцарија. Во тој момент го откривме коњот кој засекогаш ќе ни ги промени животите“, изјави нејзиниот горд сопственик Ендру Хаус. „Таа нè погледна со навалена глава, речиси како љубопитно куче, симпатичен и необичен гест што веднаш ни го привлече вниманието“. „Таа стана првиот коњ што некогаш го купивме, означувајќи го почетокот на доживотната врска за која не можевме да замислиме дека ќе трае повеќе од три извонредни децении“, продолжи тој.
„И покрај нејзината поодмината возраст, Ехокет никогаш не го изгуби својот дух за кокетирање, особено кога во близина имаше пастув“, рекол Ендру.
Кобилата починала неочекувано откако и бил даден нов лек, а нејзиното ожалостено семејство ги охрабрува сите сопственици на домашни миленици будно да го следат нивното здравје.