Samsung подготвува платена претплата за Galaxy AI: Кои функции ќе останат бесплатни, а кои ќе се наплаќаат?

Според информациите што ги објави порталот „Самигуру“ (SammyGuru), претплатата би можела да чини 4,99 долари месечно, односно 47,99 долари годишно.

Samsung наскоро би можел да воведе нова претплата Galaxy AI Premium, која ќе овозможи пристап до дополнителни функции на вештачката интелигенција. Според неофицијалните информации, цената ќе изнесува 4,99 долари месечно.

Samsung би можел да почне да наплаќа за дел од функциите на вештачката интелигенција на своите Galaxy телефони. Во кодот на One UI 9.5 се откриени информации за нова претплата наречена Galaxy AI Premium, преку која корисниците ќе добијат пристап до дополнителни AI-можности со месечна или годишна претплата.

Според информациите што ги објави порталот „Самигуру“ (SammyGuru), претплатата би можела да чини 4,99 долари месечно, односно 47,99 долари годишно.

Сепак, воведувањето на новиот пакет не би требало да значи дека Samsung ќе почне да ги наплаќа и досегашните функции на Galaxy AI. Според неофицијалните информации, Now Brief, Browsing Assist, Creative Studio, како и AI-функциите на тастатурата на Samsung, ќе останат бесплатни.

Претплатата првенствено би се однесувала на новите функции за кои се потребни дополнителни компјутерски ресурси.

Меѓу најавените можности е Bixby Action, функција што би требало да овозможи автоматизација на задачи во различни апликации. Се споменува и Daily Briefing, алатка за креирање персонализирани дневни прегледи, како и Gen Video, функција со која корисниците ќе можат да генерираат видеа врз основа на фотографии.

Претплатниците би можеле да добијат и повисоки ограничувања за користење на одредени AI-функции.

Samsung наводно разгледува и можност за продажба на дополнителни пакети со кредити. Така, корисниците би можеле еднократно да го зголемат расположливиот капацитет за користење на вештачката интелигенција, без да се обврзат на постојана претплата.


Засега Samsung нема официјално потврдено дека ќе ја воведе услугата, ниту ги објавил конечните цени и услови за користење.

е-Трн да боцка во твојот инбокс