По дождот доаѓа сонце: Среда и четврток носат потопло време, но и силен ветер

По неколкудневното нестабилно и дождливо време, Македонија во среда и четврток ќе почувствува значително затоплување и повеќе сончеви периоди, најавуваат метеорологозите. Според прогнозата, времето ќе биде променливо, но постабилно во споредба со изминатите денови. Дневните температури повторно ќе се движат околу просекот за овој период од годината и ќе достигнуваат од 20 до 27 степени.

Сепак, и покрај потоплото време, во одредени делови од земјата ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува и засилен северен ветер, кој повремено може да достигне брзина и до 50–60 километри на час.Во Скопје и околината се очекува слично време – променливо и потопло со сончеви периоди, но и со повремено силен северен ветер, особено во делови од котлината.

Утринските температури низ земјава ќе се спуштаат меѓу 6 и 15 степени, додека во главниот град ќе бидат од 9 до 11 степени. Преку ден, температурата во Скопје ќе достигнува од 23 до 25 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс