Писмото во кое Кафка кажува дека повеќе не може да пишува оди на аукција

Писмо од Франц Кафка во кое тој му кажува на пријател дека повеќе не може да пишува се продава на аукција, 100 години по неговата смрт, а неговата вредност се проценува на 114 илјади долари.

Кафка е еден од најголемите писатели на 20 век, познат по неговите дела „Процес“ и „Метаморфоза“. Писмото кое сега оди на продажба, тој го напишал до австрискиот поет и публицист Албер Еренштајн и се верува дека тоа било одговор на повик да пишува.

Во писмото кое е на една страница, напишано на германски и потпишано само со Кафка, писателот кој е роден во Прага вели дека не пишувал ништо веќе три години.

Фото: Sotheby’s

Се верувам дека писмото потекнува од периодот помеѓу април и јуни 1920 година, а било напишано во санаториум во Мерано, во северна Италија, според аукциската куќа Сотбис. На Кафка му била дијагностицирана туберкулоза во 1917 година.

„Кога грижите ќе навлезат до одреден слој на внатрешно постоење, пишувањето и жалењето очигледно престануваат, навистина мојот отпор не беше премногу силен“, пишува Кафка.

Стобис го нудат писмото како дел од аукцијата „Книги, ракописи и музика од средновековието до модерното доба“, што ќе трае од 27 јуни до 11 јули.

е-Трн да боцка во твојот инбокс