Пиперката е секојдневен избор: Како влијае врз организмот

Овој зеленчук е богат со витамини, антиоксиданси и влакна, но кај дел од луѓето може да предизвика и дигестивни непријатности ако се консумира во поголеми количини.

Пиперката е еден од најзастапените зеленчуци во секојдневната исхрана. Се користи во салати, печени јадења и бројни други рецепти, а освен што е вкусна, нуди и значајни здравствени придобивки.

Богата е со витамин Ц, влакна, калиум, калциум и каротеноиди – антиоксиданси кои помагаат во зајакнување на имунитетот, го поддржуваат здравјето на срцето и придонесуваат за заштита на видот. Воедно, содржи малку калории, што ја прави добар избор за балансирана исхрана.

Сепак, кај луѓето со чувствителен желудник пиперката може да предизвика надуеност, киселини или непријатност. Во такви случаи се препорачува да се излупи или термички да се обработи, бидејќи така полесно се вари.

Експертите советуваат да се избираат сезонски и домашно произведени пиперки, а кога е можно и органски одгледани, со цел да се намали изложеноста на остатоци од пестициди.

Најголем дел од витаминот Ц се задржува кога пиперката се јаде свежа. Затоа, најдобар избор е да се консумира сирова, како дел од салата или како здрав меѓуоброк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс