Петок 13- бесплатни тестирања за рак на простата утре во Скопје

Здравствениот дом „Железничар“ организира бесплатни ПСА-тестирања за мажи, како дел од глобалното движење „Мовембер“, посветено на машкото здравје и подигнувањето на свеста за ракот на простата.

Бесплатни тестирања за рак на простата ќе се спроведуваат утре, 13 ноември, во Здравствениот дом „Железничар“ во Скопје. Од установата информираат дека бесплатните ПСА-тестирања за машката популација се организираат како поддршка на светското движење „Мовембер“, кое секој ноември ја подигнува свеста за машкото здравје, особено за ракот на простата.

Акцијата ја организира Здравствениот дом „Железничар“ во соработка со „Проџект Хоуп“, „Ротари Ист“ – Скопје, „Џентлменс Кру“ и „Веспа Клуб“ – Скопје. Од здравствената установа ја поврзуваат акцијата и со датумот на нејзиното одржување – петок 13-ти, кој во суеверијата често се смета за баксузен ден.


„Бидејќи утре е петок 13-ти, кој многумина го сметаат за баксузен ден и датум на кој се случуваат лоши работи, пораката е да се разбие малерот“, наведуваат од Здравствениот дом „Железничар“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс