На чело со човекот со ангелски глас, Nicolas Reyes, кој ги има отпеано сите најголеми хитови како ,,Bamboleo”, ,,Volare” и ,,Djoba Djoba”, Gipsy Kings ќе гостуваат во Скопје со 90 минутно шоу во кое, со своите најголеми хитови, ќе ни ја претстават поубавата страна на светот и животот. А ние, барем на тие 90 минути, со сигурност ќе ја почувствуваме.
Gipsy Kings важат за кралеви на румбата и фламенкото во музичкиот бизнис, длабоко втемелени и запишани во историјата на “world” музиката. Имаат објавено 15 студиски албуми со преку 20 милиони продадени носачи на звук, а во 2014та година освоија ,,Греми” награда за најдобар албум, за албумот „Savor flamenco“.
Вечната актуелност на Nicolas Reyes е повеќе од очигледна. За тоа сведочи и фактот дека, во 2023та година, Nicolas Reyes беше специјален гостин на Coldplay на нивниот стадионски концерт во Барселона, на кој заедно со Chris Martin, ги изведоа ,,Volare”, ,,Bamboleo”, како и ,,Proud Mary” во чест на Tina Turner.
Влезниците се во продажба од петок (7 февруари) во 10 часот наутро онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk.