Падот на цената на нафтата го зголеми интересот кај инвеститорите

Големиот пад на цената на нафтата по смирувањето на тензиите на Блискиот Исток повторно го зголеми интересот за инвестирање на енергетските пазари.

Краткорочниот пад на цената на суровата нафта отвори нови можности за инвестирање, но аналитичарите предупредуваат дека ваквите пазарни движења можат брзо да се променат.

Цената на нафтата во изминатите денови забележа значителен пад, што повторно го насочи вниманието на инвеститорите кон енергетскиот пазар. По неколку месеци изразена нестабилност, многумина сметаат дека ваквите корекции претставуваат можност за оние кои внимателно ги следат движењата на суровините.

Последниот пад следуваше по привременото смирување на тензиите на Блискиот Исток, што ги намали стравувањата од прекин на испораките преку Ормутскиот Теснец – една од најважните светски рути за транспорт на нафта. Во еден ден цената на сортата „Брент“ се намали за околу 7 до 9 проценти, што претставува еден од најголемите дневни падови во последниот период.

Пазарните аналитичари посочуваат дека ваквите нагли осцилации често отвораат можности за инвестирање, но истовремено предупредуваат дека тргувањето со нафта носи значителен ризик и зависи од геополитичките случувања и глобалните економски фактори.

Во наредните денови вниманието на инвеститорите ќе биде насочено и кон одлуките на американските Федерални резерви, како и финансиските резултати на водечките технолошки компании, кои дополнително би можеле да влијаат врз расположението на светските финансиски пазари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс