Search

Откриен огромен прстен од галаксии што го преиспитува досегашнто разбирање за вселената

Научниците од Универзитетот во Централен Ланкашир, Англија открија гигантска структура во облик на прстен во вселената.

Прстенот е со дијаметар од 1,3 милијарди светлосни години и се чини дека е приближно 15 пати поголем од Месечината на ноќното небо гледајќи од земјата.

,,Големиот прстен’’ – како што го нарекоа астрономите, составен е од многу галаксии. Според астрономите овој прстен е толку голем што во прашање се доведува досегашното разбирање за вселената.

Прстенот не може да се види со голо око. Тој е многу оддалечен и идентификацијата на сите галаксии што го сочинуваат одзема многу време а потребна е и голема компјутерска моќ.

Иако ѕвездите, планетите и галаксиите се огромни купчиња материја во нашите очи, во однос на големината на универзумот тие се незначителни, а теоријата гласи дека не треба да се создаваат вакви големи облици.

Големиот прстен во никој случај не е првото прекршување на космолошкиот принцип и сугерира дека постои уште еден, кој допрва треба да се открие.

Според доктор Роберт Маси, заменик-директорот на Кралското астрономско друштво, се зголемуваат доказите за преиспитување на овие појави во астрономијата.

„Ова е седмата голема структура откриена во вселената што е во спротивност со идејата дека космосот во најголемите размери е мазен. Ако овие структури се реални, тогаш тоа е дефинитивно поттик за размислување за космолозите и одобрување на тезата дека универзумот евоулирал со текот на времето“, изјави Маси.

Големиот прстен беше идентификуван од Алексија Лопез, докторант на Универзитетот во централен Ланкшир која исто така го откри и Џиновскиот лак – структура која се протега на 3,3 милијарда светлосни години во вселената.

Запрашана како се чувствуваа за откритието што го направи, таа вели: „Навистина е надреално.Навистина неможам да поверувам, бидејќи до ова откритие дојдов случајно, а беше големо откритие.

„Ниту една од овие две ултра големи структури не е лесно да се објасни во нашето сегашно разбирање на универзумот“, рече таа.

Извор: Huge ring of galaxies challenges thinking on cosmos – BBC News

Најново

Последни колумни