Откако го избркаа сега повторно го молат Сем Алтман да се врати како извршен директор

Се очекува ненадејно враќање на Сем Алтман на местото главен извршен директор на компанијата „OpenAI“ (Опен АИ) која стои зад популарниот четбот ChatGPT, поради притисокот од инвеститорите да го поништат неговото исто толку ненадејно отстранување.

Во потег што предизвика шок во Силиконската долина, Алтман беше отпуштен од управниот одбор на компанијата во петокот, наведувајќи го како причина тоа дека не бил „искрен во комуникацијата“, пренесува Гардијан.

Сепак, според извештај објавен од порталот за технолошки вести „Информејшн“, инвеститорите на „Опен АИ“, меѓу кои е и „Мајкрософт“, се залагаат за враќање на Алтман на директорското место во компанијата.

Извештајот цитира меморандум од главниот службеник за стратегија во „Опен АИ“, Џејсон Квон, кој им вели на вработените дека се прават напори да се врати Алтман и другите колеги што заминале, а биле на високи позиции. Заминувањето на Алтман беше проследено со оставки на претседателот на компанијата, Грег Брокман и тројца високи истражувачи.

Утрово Атлман на социјалната мрежа „Х“ напиша: „Толку многу го сакам тимот на Опен АИ“.

Според Волстрит Журнал, Алтман размислува за враќање, но им кажал на акционерите дека како предуслов сака нов управен одбор и структура на управување. Другата опција за него е основање на нова компанија со поранешните колеги од „Опен АИ“.

Извор: theverge.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни