Search
Влатко Стефановски за ХРТ

Организираната религија ги контролира луѓето, нивните мислења и ставови

„Јас сум верник, но не сум религиозен. Што значи тоа? Тоа значи дека верувам, но малку сум скептичен за организираната религија, бидејќи организираната религија е многу блиску до политиката и е многу блиску до контролирање на луѓето и нивните мислења и ставови“, вели музичарот Влатко Стефановски во интервјуто на Хрватската телелевизија.

„Порано можев да речам дека сум атеист и тоа порано го велев, но тоа не е точно. Јас стигнав до фазата на агностика пред околу 15 години, така што може и да го има и да го нема. Немаме докази ниту за едното ниту за другото. Да, но за мене знаете ли што е доказ? Дали некогаш сте виделе љубов во материјална форма? Дали постои љубов? Дали некој ја видел љубовта исто како што не го видел Бога, тоа значи дека некои работи не се гледаат. Некои работи не се материјални по природа, не е сè материјално, постои огромен свет на идеи, огромен свет невидлив за нашите сетила.“, објаснува Стефановски за ХРТ.

Најново

Последни колумни