Предупредување за Србија: Налети на ветар до 120 км/ч и пад на температурата за 10 степени

По денешните грмотевици и дожд со сахарски песок, студен фронт од Хрватска ги носи најсилните ветрови оваа сезона, а на планините над 1.200 метри паѓа снег.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде предупредување за олујен ветар и краткотрајни непогоди за вторник, 12 мај. Студен фронт од Хрватска ќе навлезе во попладневните часови, носејќи налети од 70 до 100 km/h, а на одредени места и до 120 km/h. Температурата ќе падне за десет степени во текот на неколку часа.

РХМЗ: Налети до 120 km/h во сите краишта на Србија

Според РХМЗ, студениот фронт ќе навлезе прво во северозападна Србија околу 15 часот, а до крајот на денот ќе ја зафати целата земја. Во сите краишта се очекуваат силни налети од 70 до 100 km/h, а локално и до 120 km/h со можност за материјална штета. Ветерот ќе биде придружен со локални бури и град.

Снег над 1.200 метри, в среда свежо со 4 до 8 степени

Со продирањето на студената воздушна маса, во вторник навечер и во текот на ноќта на планините на југ и југозапад дождот ќе премине во снег над 1.200 до 1.400 метри, а температурата ќе се спушти до -3°C. Во среда наутро се очекуваат 4 до 8 степени, а во текот на денот сончево и свежо со максимум околу 15 степени. Стабилизација на времето се очекува од 18 мај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс