Промотерската платформа и продукција “Друга Страна”, сè поагресивно го освојува регионалниот пазар на лајв настани каде во моментов промовира дури пет големи интернационални комичарски спектакли низ поранешните југословенски републики, потег кој ретко кој независен промотер од регионот успева да го реализира во толку краток период.
По спектакуларниот успех со распродадените настапи на светски познатиот сатиричар Bassem Youssef во Sarajevo на 17 јуни, продукцијата продолжува со уште посилно темпо: австралијанско-италијанскиот комичарски феномен Sooshi Mango доаѓа во Скопје на 6 јуни, а потоа и во Белград на 9 октомври, додека еден од најконтроверзните и најгледани стендап-комичари на денешницата, Jim Jefferies, ќе настапи во Белград на 1 октомври во познатата MTS Dvorana.
Sooshi Mango во последните години прерасна во глобален интернет-феномен благодарение на нивниот препознатлив хумор инспириран од балканските и медитеранските семејства, собирајќи милиони следбеници и распродавајќи арени низ Австралија, Европа и Северна Америка. Нивните видеа редовно стануваат вирални токму поради блискоста со менталитетот на луѓето од овие простори.
Од друга страна, Jim Jefferies важи за еден од најголемите стендап артисти во светот, познат по своите многубројни Нетфликс специјали, настапите во преполни арени и бескомпромисниот стил со кој со години ја освојува глобалната публика. Неговите турнеи редовно вклучуваат најголеми сали и арени во Европа, САД и Австралија.
Посебно внимание привлече и доаѓањето на Bassem Youssef — човекот кого многумина го нарекуваат „египетскиот Jon Stewart“. Неговите настапи комбинираат политичка сатира, интелигентен хумор и глобални општествени теми, а интересот за сараевските шоуа беше толку голем што беа распродадени два термина.
Со ваква серија настани, Друга Страна се позиционира како една од ретките македонски продукции која активно гради регионална мрежа за големи интернационални сценски и комичарски настани, поврзувајќи публика од Македонија, Србија и БиХ преку современа забавна програма.
Друга Страна веќе подолго време организира и продава билети за домашни и интернационални настани, а според најавите од тимот — ова е само почеток. До крајот на годината се очекуваат уште неколку големи регионални и светски имиња, со амбиција Скопје и регионот сè почесто да се најдат на мапата на светските турнеи.
Билети за претстојното шоу на Sooshi Mango во Филхармонија на 6 јуни се достапни на веб страната http://www.drugastrana.mk