Од први ноември Црна Гора воведува визи за Русија, Кина и три други држави

Со воведувањето визи, Црна Гора „ја усогласи својата визна политика со онаа на Европската Унија“, се вели во соопштението на МНР Црна Гора

Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека од први ноември 2026 стапува на сила визниот режим со Русија и Белорусија, како и со Турција, Саудиска Арабија и Кина

Претходно, имаше информации за воведување визи од 1 септември и 1 октомври.

Со воведувањето визи, Црна Гора „ја усогласи својата визна политика со онаа на Европската Унија“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи објавено на веб-страницата на владата на земјата; соодветната уредба беше усвоена на 23 јули.

„Министерството за надворешни работи на Црна Гора активно и систематски презема мерки насочени кон ублажување на сите потенцијални негативни последици од овие промени, а воедно обезбедува процесот на добивање црногорска виза да остане што е можно поедноставен и подостапен“, се наведува во соопштението на министерството.

Црна Гора е една од европските земји во кои Русите со антивоени ставови се преселија по почетокот на војната против Украина, избирајќи ја, меѓу другото, поради безвизниот режим.

 Црногорскиот весник „Дан“ објави дека 14.000 од 21.000 регистрирани руски државјани што живеат таму ја напуштиле земјата по најавата за претстојното воведување визи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс