Обвинителството бара притвор за 76-годишниот возач по трагедијата на скопската обиколница во која загинаа четири лица

Обвинителството бара притвор за 76-годишен возач од Косово по тешка сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која загинаа четири лица. Истражната постапка е во тек.
ФОТО: Алсат

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 76-годишен државјанин на Косово, осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, по тешката несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири лица.

Според обвинителството, осомничениот управувал товарно возило „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски таблички и се движел по северната обиколница на Скопје од запад кон исток. Во близина на клучката Мирковци, тој не ја приспособил брзината на условите на патот и густината на сообраќајот, по што изгубил контрола над возилото, ја пробил заштитната метална ограда и преминал на спротивната коловозна лента.

Потоа директно се судрил со автомобил „БМВ“ кој се движел од спротивен правец. По силниот удар, и камионот и автомобилот се запалиле, а четирите лица во автомобилот починале на лице место. Јавниот обвинител предложил определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс