Северна Македонија е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН

Советот за човекови права, со седиште во Женева, со неговите механизми и процедури – вклучувајќи го и Универзалниот периодичен преглед (УПР), истражните механизми со мандат од ХРЦ, специјалните процедури и договорните тела, како и техничката помош обезбедена од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХХР) – има суштинска улога во обезбедувањето рано предупредување кршењето на човековите права

Генералното собрание на ОН ги избра Бенин, Боливија, Колумбија, Кипар, Чешка, Демократска Република Конго, Етиопија, Гамбија, Исланд, Кенија, Маршалските Острови, Мексико, Северна Македонија, Катар, Република Кореја, Шпанија, Швајцарија и Тајланд да бидат членки Советот за човекови права за мандатот 2025-2027 година.

Советот за човекови права, со седиште во Женева, со неговите механизми и процедури – вклучувајќи го и Универзалниот периодичен преглед (УПР), истражните механизми со мандат од ХРЦ, специјалните процедури и договорните тела, како и техничката помош обезбедена од Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права (ОХХР) – има суштинска улога во обезбедувањето рано предупредување кршењето на човековите права, за факторите на ризик кои можат да доведат до злосторства против човештвото, етничко чистење, воени злосторства и геноцид, и даваат препораки за спречување на нивното повторување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни