Масакрот во Париз, ноќта кога 90 луѓе беа убиени во „Батаклан“

На 13 ноември 2015 година, во координирани терористички напади во Париз и Сен Дени беа убиени 130 луѓе. Најмногу жртви имаше во концертната сала „Батаклан“, каде што таа вечер настапуваше американскиот бенд „Иглс оф дет метал“.

Беше петок вечер и концертот во „Батаклан“ веќе беше во тек кога вооружени напаѓачи влегоа во салата и отворија оган врз публиката. Дел од присутните беа земени како заложници. Полициската интервенција со која заврши заложничката криза се одвиваше по полноќ.

Истата вечер беа нападнати и гости на терасите на неколку париски кафулиња и ресторани. Пред стадионот „Стад де Франс“ во Сен Дени одекнаа експлозии додека Франција и Германија играа пријателски натпревар. На трибините беше и францускиот претседател Франсоа Оланд, кој беше евакуиран. Во нападите беа ранети стотици луѓе, а одговорноста ја презеде Исламска држава.

Франција остана во вонредна состојба речиси две години

Оланд прогласи вонредна состојба уште истата ноќ. Во месеците што следуваа, француските власти спроведоа илјадници претреси. Вонредната состојба траеше до ноември 2017 година, а дел од привремените антитерористички мерки потоа беа вградени во француското законодавство.


Салах Абдеслам, единствениот преживеан од групата што ги изврши нападите, беше уапсен во Брисел во март 2016 година. Во 2022 година беше осуден на доживотен затвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс